Ќе се облечете онака како што сте сакале, а потоа пристигнува моментот кога целиот стајлинг треба да го заокружите со чевли. И тогаш ви се чини дека ништо не изгледа добро.
Тоа чувство и е познато на секоја дама.
Но колку и да ви изгледа невозможно да го направите вистинскиот избор, постојат некои правила кои никогаш нема да ве разочараат.
Некои парчиња стојат одлично со одредени чевли, а некои се целосна грешка.
Но ако ги знаете следниве правила, грешки нема повеќе да се случуваат.
1. Миди сукна и салонки
Ако не сте исклучително висока и тенка, миди сукната е несигурен терен бидејќи визуелно ги крати нозете. Рамни чевли комбинирани со миди сукна ќе ги направат потколениците покрупни од што се.
За да не и дозволите на сукната да ве скрати најдобро е да ја комбинирате со класични салонки кои ќе ви ги издолжат нозете.

2. Ѕвонарки и чевли на платформа
Ѕвонарките оваа сезона се целосно ИН, но повеќето дами немаат доволно долги нозе за да ги носат овие панталони со рамни чевли.
За да не ги газите панталоните само по 10 минути одење, облечете чевли на платформа.
Нозете ќе ви делуваат подолго, а ќе немате никакви “технички проблеми“ како газење на панталоните.

3. Skinny фармерки и чевли до глужд
Skinny фармерките кои завршуваат до глуждовите се исклучително популарни оваа сезона.
Тие визуелно сами по себе ја издолжуваат ногата па затоа нема потреба да претерувате со исклучително високи потпетици.
Сосема е ок да облечете чевли до глуждовите од два три сантиметри, а помеѓу работ на фармерките и чевлите оставете да ѕирка гола кожа.

4. Culottes и салонки
Повеќето culottes панталони даваат ист впечаток како и миди сукната.
Ако сте ниска, овој тип на панталони ќе ве направи уште пониска затоа ситуацијата ќе ја спасите со салонки кои ќе ве подигнат и издолжат.

5. Мини сукна и балетанки или друг тип на ниски чевли
Мини сукната одлично се сложува со сите чевли на рамна пета. Овој тип на здолниште исто така одговара и со штикли, но ако сакате да ги одморите стапалата слободно одберете рамни чевли.

