Сајтот Хопа за аеродромски трансфери ја објави листата на најскапите светски дестинации.
Во обзир се земени такси услуги, престој во хотел за еден човек, оброк, цената на пивото, кафето и шише вино.

Согласно овие трошоци, најскапи градови на планетата се Шангај каде за овие услуги ќе платите 186.18 долари, Москва 188.37, Пафос на Кипар со 191.59 , Малта 197.19.
Меѓу најскапите се и Лос Анџелес 198.13, Пунта Кана во Доминиканската република е со трошок од 199.38 долари, Рим 217, Париз 218.77, Даблин 222.72, Лима во Перу 226.65, Канкун во Мексико 246.46, Каракас во Венецуела исто толку. Трошокот за Сингапур е 262.26, Лондон 273.15, Сиднеј 289.63, Маракеш во Мароко 318.70 долари, Боцвана 321.03, Њујорк 366.29, а Дубаи ќе ве чини 397.84 долари.
Во Дубаи и Шангај кафето е најскапо и ќе ве чини над 5 долари.

