Каде и да патувате во светот, туристички или работно, секогаш е добро да знаете каков е градот во кој одите – која е цената на сместувањето, храната и пиењето, чистотата, климата, градскиот превоз.
Сепак, најкарактеристичното нешто а секој град е гостопримливоста на локалните граѓани заради кои во некои градови дури имате чувство дека сте дома.
Гостопримливите домаќини и градови секогаш ве „тераат“ да се вратите и повторно да го почувствувате уникатниот дух.
„Conde Nast“ е списание кое се занимава со патувања, и го прогласи Сиднеј за најгостопримливиот град во светот. Оваа престижна титула ја добил благодарение на сите туристи кои истакнале дека во Сиднеј не постои нешто што нема да ви се допадне.
Минатата година овој град беше на петтото место, а на првото беше Мелбурн. Оваа година, на второ место е Даблин, а на третото се најде Квинстаун во Нов Зеланд.
Четвртото место е резервирано за Краков, петтото за Бриж, па Единбург, Кјото и Будимпешта зад нив. На последните две места се Оукланд и Рејкјавик.
Од друга страна, најнегостопримливи се Каракас, Казабланка и Гуангжу.
