Здраво тело

Кои се причините за појава на херпес?

Болестите предизвикани од намален имунитет влијаaт на појава на херпес. Стресните периоди, како физичките така и психичките, можат да предизвикаат херпес, и често се јавува кај жените за време на менструацијата.

Оваа болест е проследена  и со пецкање, чувство на напнатост, чешање, за да по неколку дена се појават меурчиња полни со бистра течност кои се формираат во вид на плускавци. Херпестот потоа почнува да чеша и да пецка, а бистрата течност ја заменува матна. Тоа е најризичниот период  бидејќи со прстите може да се пренесе на очите. По 5-7 дена меурчињата пукаат и на тие места се формираат красти по што личноста повеќе не е извор на зараза.

При лекувањето на херпесот најважно е да се одржува хигиена.

Напиши коментар