Bridal

Кој датум е совршен за вашето судбоносно “Да”?

Датумот за да го кажете судбоносното „да“ не е занемарлив и може да го одреди текот на брачниот живот и да влијае на иднината на парот, тврдат нумеролозите.

Сите одлуки на младите парови се тесно поврзани со нивната иднина и нивниот заеднички живот. Тоа важи и за оние, на прв поглед не важни детали кои можат многу да влијаат на квалитетот на живот. И нивните датуми на раѓање нешто откриваат. Така на пример личностите родени на 3, 12, 21 или 30 се многу страствени и љубопитни. Иако се пожртвувани за семејството, понекогаш и не гледаат ништо лошо во неверството на партнерот.

Личностите родени на 1, 10, 19 или 28 во месецот се многу пријатни и способни се силно и целосно да го сакаат партнерот. Можат да менуваат симпатии, но кога ќе го најдат  вистинскиот, се многу приврзани.

Родените на 4, 13, 22, 31 целосно се согласуваат со родените на 2, 11, 20, 29. Многу се чувствителни, па менталниот аспект им е поважен од сексот.

Одлуката за датумот на венчавката исто така не е нешто што можете да го занемарите. За да го откриете вашиот нумеролошки број, соберете ги цифрите на датумот на венчавка. Така ќе добиете едноцифрен број од еден до девет. Ако сте во брак, овој резултат може да ви виде корисен за да имате увид во вашиот брачен живот од сосема нов агол. Соберете ги цифрите, односно денот, месецот и годината на венчавката, и продолжете со собирање додека не добиете едноцифрен број.

На пример ако датумот е 28.5.2005 (28+5+2005=2+8+5+2+0+0+5=22=2+2=4), вашиот број е четири.

Напиши коментар