Cafe Del Mar

Кој период од денот е најдобар за вежбање?

Решени сте да започнете со вежбање и да изгубите повеќе килограми, но не знаете во кој дел од денот е најдобро да го правите тоа? Одговорот е наутро. Утрото е најдобар дел од денот за вежбање и губење на килограми, но ако го правите тоа пред да појадувате.

Една од причините поради која е најдобро наутро да се намалат килограмите е дека вежбањето наутро го тера телото да согорува маснотии. Направени се неколку истражувања кои го докажуваат тоа. Во едно истражување, 28 млади луѓе за време од шест недели почнале да внесуваат храна која содржи 30% повеќе калории и 50% повеќе маснотии од храната која ја јаделе претходно. Некои од нив овие шест недели ги поминале во лежење, а другите вежбале секојдневно. Тие што вежбале имале ист појадок но, едната половина ги правела вежбите наутро пред појадокот, а другата по појадокот. По завршувањето на ова истражување, луѓето кои не вежбале ја накачиле својата тежина за околу 3 килограми, додека оние кои вежбале по појадокот исто така ја накачиле тежината, но за околу 1 килограм. Спротивно на нив, луѓето кои вежбале секојдневно пред појадокот не качиле ниту еден килограм.

Уште една работа која е многу важна за вежбањето наутро е дневната светлина. Нашето тело функционира врз основа на внатрешен часовник и затоа природата е многу важна за нашиот метаболизам. Едно друго истражување покажало дека луѓето кои по будењето два часа се изложени на сончевата светлина, полесно се справуваат со тежината од оние кои не се изложени на природната светлина, без разлика што јадат во текот на денот. Затоа, следен пат кога сакате да го исклучите алармот и да продолжите со спиење сетете се на ова: Вежбањето наутро пред појадокот, не само што ќе ви помогне да го имате телото од соништата, туку ќе ви даде и повеќе енергија за извршување на обврските во текот на денот.

Напиши коментар