← НАЗАД НА БОЗА

Кој повеќе се грижи за родителите – ќерките или синовите?

Кој повеќе се грижи за родителите – ќерките или синовите?
436 Читања

Кога мајките и татковците ќе остарат, потребна им е грижа од страна на своите деца, а неодамна спроведеното истражување се занимавало со тоа кој им посветува повеќе внимание на родителите – синовите или ќерките. Погледнете што е откриено.

Во многу култури, родителите повеќе се радуваат на синовите отколку на ќерките, но новото американско истражување покажува дека ќерките се поповрзани со родителите и повеќе се грижат за нив.

– Ќерките двојно повеќе ги згрижиле остарените родители, отколку синовите, покажуваат резултатите од истражувањето на Американското социолошко здружение.

Со истражувањето биле обработени податоци од над 26.000 лица, при што е утврдено дека ќерките просечно 12,3 часови месечно се грижеле за своите остарени родители, додека синовите само 5,6 часови.

– Исто така е утврдено дека синовите помалку се грижат за родителите кога имаат сестра или сопруга, покажува истражувањето.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk