За да го извадите максимумот од својот изглед, според бојата на вашата коса одреде која боја на облека најдобро ви прилега.

Жените со црна и кафена коса треба да внимаваат на пастелните нијанси. Една лошо избрана нијанса го менува целиот позитивен впечаток. Држете се до виолетовата и сината палета и мудро избирајте ги неутралните тонови.
За русокосите постои правилото: колку поедноставно, толку поефективно. За русокосите се препорачува да избегнуваат силни бои, а кога веќе мора да ги носите тогаш тоа не ка биде во нијанса која одговара на тенот на кожата.

Црвенокосите најдобро изгледаат во сите нијанси на кафена и зелена. Можете да играте и на црвената карта, сè додека внимавате нијансата да не двои премногу од нијансата на вашата коса.

Убавиците со сива коса совршено изгледаат во најразличните тонови на виолетова боја, како и во секоја друга боја која ја надополнува сивата.

