Мојата кујна

Колач од тиква

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 120 грама мелени ореви

* 15 полни лажици брашно

* Кора и сок од еден портокал

* 100 милилитри млеко

* 3 јајца

* 14 лажици шеќер

* 150 грама рендана тиква

* 1 прашак за пециво

* 1 ванилин шеќер

* Пола лажичка цимет

За глазура:

* 150 грама шеќер во прав

* Сок од 1 портокал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги сите суви состојки: брашното, шеќерот, прашакот за пециво, ванилиниот шеќер, оревите, циметот и кората од портокал.

Потоа додадете го млекото, сокот од портокал и јајцата.

Ренданата тиква малку проварете ја и добро исцедете ја па додадете ја на другите состојки.

Тавчето обложете го со хартија за печење и сипете ја смесата во него. Ставете го во добро загреана рерна на 200 степени да се пече десетина минути.

Колачот е готов кога ќе го боцнете со чепкалка за заби и таа ќе излезе чиста.

Направете глазура од сок од еден портокал и шеќер во прав. Убаво измешајте ги и премачкајте го топлиот (не врел) колач.

Имајте добар апетит!

Напиши коментар