Мојата кујна

Колач со јаболка и овесни снегулки

Состојки:

3 шолји овесни снегулки (шолја од 200 мл)

3 шолји рендани јаболка

1/2 шолја шеќер

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

3 јајца

1/2 шолја масло

1 шолја јогурт

цимет или други додатоци по вкус

Начин на подготовка:

Сите суви состојки измешајте ги, па во нив додадете ги и изренданите јаболка. Во друг сад ставете ги сите течни состојки, изматете ги (може и рачно) и додајте ги сувите состојки. Намрсете ја тавата за печење, сипете ја смесата и печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути. Кога ќе се излади можете да го посипете со шеќер во прав. Колачот е сочен и многу ароматичен. Уживајте!

Напиши коментар