ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– пола чаша мед
– 1/4 чаша какао
– 1/2 чаша путер од кикирики
– 1/4 лажичка сол
– 1 чаша семки од сончоглед
– 1 чаша сецкани кикирики
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во тава на средна топлина измешајте ги медот и какаото, додека целосно не се стопи. Треба да добиете дебела смеса.
Тргнете ја настрана, а потоа додадете го путерот од кикирики и солта. Мешајте додека не се соединат.
Потоа додадете ги семките од сончоглед и сецканите кикирики.
Откако смесата е добро измешана со помош на лажица земајте од неа и без никакво формирање топчињата ставајте ги на хартија за готвење.
Колачите ставете ги во фрижидер околу 1 час. Со цел да не се стопат, послужувајте ги веднаш по вадењето од фрижидер.
