ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
за колачите: 300гр. екстра бело брашно тип 400 на Жито Лукс
1 1/2 лажичка прашак за пециво
110гр. путер
170гр. кафеав шеќер
2 јајца
1/2 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка кора од портокал
1/4 лажичка сол
1/3 лажичка цимет
60гр. брусница крупно сецкана
110 гр. бело чоколадо крупно сецкано
за филот: 110гр. бело чоколадо
60гр. брусница крупно сецкана
250г. кремсирење
125гр. шеќер во прав
1 лажика екстракт од ванила
2 лажички кора од портокал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте плех за печење со малку масло.
Во длабок сад расстопете го путерот во микробранова. Додадете го кафеавиот шеќер и мешајте додека да се растопи. Оставете го малку да се излади. Потоа додадете ги јајцата едно по едно.
Додадете ванила и кора од портокал во смесата.
Во посебен сад измешајте екстра белото брашно тип 400, прашок за пециво, сол и цимет. Постепено додавајте ја смесата со брашно во смесата од путер, шеќер и јајца. Додадете ја брусницата и белото чоколадо.
Смесата префрлете ја во подготвениот плех и распоредете ја рамномерно. Печете го колачот 20 минути. Кога колачот ќе се излади исечете го на триаголници (или друга форма по желба)
Во микробранова растопете бело чоколадо. Со миксер изматете го кремсирењето и шеќерот. Додадете ванила, 1 лажичка кора од портокал и половина од растопеното чоколадо.
Распоредете го преливот рамномерно врз колачите. Одозгора испрскајте ги со брусница и остатокот од кората од портокал. Декорирајте го остатокот од бело чоколадо и ставете ги во фрижидер за малку да се стегнат.
Послужете ги со кафе или чај. На здравје!
