Ако се депилирате со жилет, веројатно го користите подолго отколку што треба, како и повеќето жени. Иако на нив пишува дека се еднорактни, за оние поскапите очекуваме да траат подолго, па подолго и ги користиме.
Всушност, нивниот рок на траење е индивидуален и зависи од тоа колку често се депилирате и колку ви се цврсти влакненцата. Повеќето дерматолози сепак предлагаат својот жилет да го замените со нов после 5 до 7 депилации.
Дури и ако ретко се депилирате, сепак би требало да го замените најмногу после еден месец, затоа што на него се собираат бактерии.
Купатилото е погодно тло за развој на бактериите заради влажноста, особено ако го оставате жилетот на кадата. Особено е опасно ако насобраните бактерии ги пренесете на подрачјето на бикини зоната.
Затоа на жените им се советува да ги чуваат жилетите во плакарчето во купатило или на било кое друго суво место.
„На првиот знак од рѓа или намалена острина, жилетот би требало да го фрлите“, објаснува британскиот дерматолог Витни Бови за The Sun.
На мажите им се препорачува жилетите да ги менуваат секои две недели или штом забележат дека остриците се затапени.