Motherhood

Колку е важен бракот за семејството?

Се е поголем бројот на парови кои одлучуваат да засноваат семејство пред да стапат во брак. Последните истражувања покажаа дека во последните 10 години бројот на паровите кои го прошируваат своето семејство без официјално да  влезат во брак е пораснат за неверојатни 22 проценти.

Иако детето пред брак често се поврзува со несакана бременост, се испоставува дека паровите го прават тој чекор намерно за да можат да се одлучат и да го официјализираат проширувањето на семејството со брак.

Денес паровите во голем број случаи веќе живеат заедно и имаат стабилни финансии. Причината за одложување и официјализирање на бракот едноставно е недостатокот на време или неразбирањето на институцијата брак, мислејќи дека стапувањето во брак нема да ги смени нивните односи ниту на подобро ниту на полошо.

Иако има многу кои се противат на неофицијализирањето на бракот и веруваат дека семејството не може да биде семејство доколку не се официјализира брак, пред се поради односите со детето.

Традиционалното разбирање на бракот значајно се изменува. Поради тоа се поставува прашањето дали новите разбирања за семејството ќе имаат позитивни или негативни ефекти врз наталитетот и значењето на традиционалното разбирање на семејството, никој со точност не може да одговори. Експертите бараат одговор…

Што мислите Вие ???

Write A Comment