Motherhood

Колку е важно да си забавен родител?!

Светот на децата е исполнет со игри, а за родителите тоа е сигурениот начин за да бидат заедно, со своите деца, да се фокусираат на врската со нив со што ќе помогнат детето да израсне и да биде човек со самодоверба и човек со среќно детство зад себе.

Родителите знаат дека играта е детска работа, но таа не е само за деца. Игрите се основа за нов и креативен начин кон градење на квалитетен родител. Како ќе ја искористиме играта за создавањето силни и самоуверени деца ќе ни открие д-р Лари Коен, американски психотерапеут и автор на книги за родители и автор на една од петте најчитани во светот книги на темата – квалитетен родител,  PLAYFUL PARENTING.

Децата со помош на игрите учат за светот што ги заобколува, преку игра ги споделуваат длабоко скриените чувства за да се зближат со луѓето кои им значат, да се справуваат со тешки ситуации и начин да се ослободат од притисокот. Родителите треба да ја искористат играта како најдобар начин и како моќен инструмент за комуникација, воспитување, надминување различни потешкотии и стравови кај своето дете.

Лари Коен стои зад радикалната теза дека децата се индивидуалисти, кои заслужуваат почит и трпение, додека се адаптираат и се вклопат во светот што ги заобиколува и вели: „Наместо да се обидувате да ги подчинувате децата со забрани, правила, наредби и казни, подобро е да се обидувате да ги научите тие сами да преценуваат и да знаат што е добро и што не.“

Напиши коментар