Motherhood

Колку сон им е потребен на бебињата ?

Стручњаците направија таблица на спиење, која покажува колку сон им е потребен на просечните бебиња, но сепак не грижете се ако Вашето бебе спие пократно, најважно е само да напредува…

Добриот сон е важен за бебето исто како и избалансираната и здрава исхрана. Ненаспиените бебиња не сакаат да јадат, не се расположени, нервозни се и плачат, што неповолно влијае на емоционалниот и физички развој. Според литературата, бебињата во првите месеци би требало да спијат цел ден, но во пракса не е така. Секое бебе нема иста потреба за спиење…

1 – 3 месеци: Новороденчињата треба да спијат по 18 часа дневно, 10 часа во ноќта и 8 преку ден иако мајките ќе се согласат дека во пракса, не е така. На новороденчињата понекогаш им е потребен цел месец да ја научат разликата помеѓу денот и ноќта, така што често се случува да бидат будни цела ноќ, а преку ден да спијат. Не грижете се, тоа ќе се среди. Важно е да не правите „ ноќна атмосфера “ преку ден, да не бидете тивки, да не го исклучувате телевизорот, телефонот… Мирот и тишината ќе сугерираат на бебето дека е време за спиење, како и отсуството на игри. Затоа, немојте да си играте, доколку бебето се разбуди во текот на ноќта, бидејќи нема да ја научи разликата. Кога ќе наполни осум недели, оставете го само да заспие. Ако секојдневно го заспивате во раце, подоцна тешко ќе го одвикнете. Истражувањата покажуваат дека не е добро бебето да се заспива доејќи, бидејќи почесто ќе се буди во ноќта да бара храна.

3 – 6 месеци: Бебињата на оваа старост би требало да спијат околу 15 часа и тоа 10 – 11 часа во ноќта и уште 3 – 4, во текот на денот. Педијатрите тврдат дека бебињата од 4 – 6 месеци, веќе се спремни да ја преспијат цела ноќ, но ако не е така не грижете се. Многу бебиња не спијат цела ноќ и после првиот роденден, некои и подоцна.

6 – 9 месеци: На оваа возраст бебињата би требало да спијат околу 14 часа, при што во текот на денот 3 часа. Ако бебето спие во периодот помеѓу 21 и 22 часот, значи дека е „ добар спанко “, односно му треба повеќе сон и има рутина. Често се случува бебињата на оваа возраст кои до тогаш одлично спиеле, да се будат. Но, тоа не е причина за грижа бидејќи во фазата кога му растат заби, почнува да го забележува светот околу себе и тешко се смирува. Педијатрите советуваат никако да не воведувате дополнителен ноќен оброк за бебето да се смире. Оставете го повторно да си заспива само, а доколку нема резултати, пробајте да го „ занимавате “ со малку вода. Така ќе научи дека нема да добие оброк и ќе престане да се буди.

9 – 12 месеци: Бебето на оваа возраст треба да спие 14 часа дневно, од кои 9 – 11 часа во текот на ноќта, а останатите во текот на денот. Стручњаците кажуваат дека некои бебиња се будат откако ќе ги избањате. Затоа, бањајте го Вашето бебе неколку часа пред спиење. Децата кои спијат добро во текот на денот, можат да спијат добро и во текот на ноќта. Поради тоа, инсистирајте на дневно спиење, бидејќи ако бебето било будно цел ден, тоа не значи дека ќе спие цела ноќ. Вознемирените и уморни бебиња потешко заспиваат.

12 – 18 месеци: Веќе на возраст од една година, бебето се помалку личи на бебе…Некои веќе проодуваат, прозборуваат, некои лазат и си „ зборуваат “ на нивен јазик. Во тој период, треба да спијат 13 часа дневно, 11 часа во ноќта и 2 часа дневно. Не е важно дали Вашето дете спие еден или два часа или два пати по еден час, но полека, доаѓа време кога ќе спие само еднаш во текот на денот. Во овој период, најважно е да го научите детето само да заспива. Заборавете на лулање, носење, возење во количка. Кога ќе се пробуди во ноќта, само нема да може да заспие и ќе Ве бара, но стручњаците советуваат да не го земете од креветчето. Јавете се дека сте тука, помогнете му и оставете го само да заспие. Неколку ноќи може да плаче и да биде нервозно, но брзо ќе ја научи рутината и ќе почне да ја применува. Затоа, бидете  силни и не „ паѓајте “ на неговото плачење. Во овој период бебињата поинтензивно ги доживуваат дневните случувања и тоа може да биде причина за будење. Понекогаш престојувањето во паркот или дружењето со други деца им е преинтензивно, па не можат да заспијат, плачливи се и нервозни. И тоа не е причина за грижа, бидејќи немаат друг начин за да ги „ обработат “ дневните информации, освен со плачење.

Напиши коментар