Ако се борите со тежината и месечните циклуси ви се нередовни, можеби сте една од 6-7% од жените кои имаат полицистични јајници. Пушењето може да ја намали плодноста, бидејќи токсичноста на цигарите го изменува лачењето на естроген. Инфекции на матката и јајцеводите можат да остават трајни последици и да ја намалат плодноста.
За да добиете информација колку сте плодни и колку време имате за планирање на семејството, можете да се тестирате. Еден од седум парови се соочува со некои проблеми поврзани со плодноста. Плодноста се разликува од жена до жена, има жени со 35 години чии залихи на јајце клетки се речиси истрошени, па до жени во четириесеттите години кои имаат доста плодни години.
Во нормален циклус на жените припаѓа сѐ измеѓу 21 и 42 денови, а доколку вашите месечни циклуси се поретки посоветувајте се со лекар. Овулацијата се случува 14 денови пред циклусот, а доколку месечниот циклус не ви е редовен, тогаш овулацијата не е сигурна. После 35тата година плодноста на жената опаѓа и веројатноста да забремени е преполовена за разлика во дваесеттите години.
Но, без паника! Не очајувајте ако имате повеќе од 35 години, последниве години во светот порасна бројот на постари мајки.
Ако се борите со тежината и месечните циклуси ви се нередовни, можеби сте една од 6-7% од жените кои имаат полицистични јајници.
Вашата тежина може да ја наруши овулацијата, како во случај на преголемата, така и во случај на премала тежина. Губењето на тежината би требало да ги зголеми шансите за зачнување, а така и зголемувањето, доколку вашиот индекс на телесна маса ви е помал од 19. Воглавно, тоа значи губење на месечниот циклус, но се враќа кога ќе ги зголемите килограмите. Недостатокот на маснотии под кожата го намалува лачењето на хормоните кои се важни за редовна овулација. Веќе подолго време се знае дека дебелината и гојазноста кај мажите е поврзана со ниското ниво на тестостерон.
Исто така, жените кои пушат ги намалуваат своите шанси да забременат до 40%. Пушењето може да ја намали плодноста, бидејќи токсичноста на цигарите го изменува лачењето на естроген.
Жените кои пијат повеќе од две шолји кафе имаат девет пати помали шанси да зачнат во однос на жените кои пијат помалку или не пијат кафе воопшто.
Инфекции на матката и јајцеводите можат да остават трајни последици и да ја намалат плодноста. Кламидијата е еден од главните причинители за воспаление.
Според истражувањата, користењето на мобилните телефони може да ги намали бројот на јајце клетки и сперматозоиди. Гасете го мобилниот телефон, барем навечер или држете го подалеку од себе.
Водете љубов што почесто наместо да се бавите со постојано мерење на базалната температура и овулациски тестови и препуштете се на природниот тек на настани.
