Motherhood

Колку време треба да помине од породувањето до првиот секс?

Сите жени се различни. Не постои норма или вистинско време кон кое треба да целите кога станува збор за секс после породувањето. Она што е најважно е да се чувствувате физички и емотивно подготвени. 

Колку се шири вагината во текот на породувањето?

Во текот на природното породување, кога бебето се раѓа тоа „патува“ низ грлото на матката за да излезе низ вагината. Влезот на вагината мора да растегне со цел бебето да излезе, па логично е вагината да се прошири толку колкав што е најголемиот дел од телото на бебето, односно главата. Понекогаш се случува кожата помеѓу анусот и вагината да се скине, или пак лекарите да мораат да ја расечат кожичката со цел бебето да излезе полесно. Овој зафат се нарекува епизиотомија.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Xath6kOf0NE

оради ова воошпто не е вообичаено некои жени да имаат чувство дека вагината им е поширока или посува отколку пред породувањето. Чест е случајот жени да се жалат на болки во вагината, кои особено се јавуваат за време на секс. Меѓутоа, какви и промени да чувствуваат, жените треба да знаат дека е сосема природно вагината да се промени по породувањето.

До какви промени може да дојде?

Изглед

По породувањето, може да се случи жените да чувствуваат дека вагината не им е иста како порано, односно ја чувствуваат помека и поотворена. Тоа е вообичаено, а отокот и отвореноста би требале да се намалат по неколку дена.

Сепак, вагината нема во целост да се врати во својот првобитен облик, каква што била пред раѓањето на детето. Докторите во некои ситуации препорачуваат правење на Кегелови вежби, кои помагаат во затегнување на мускулите на вагиналните ѕидови и мускулите на карлицата. Вежбите првенствено помагаат во инконтиненција (недоволно течење на урина), а можат да помогнат и да се вратат цврстите мускули во вагината. Овие вежби исто така ќе ви помогнат подобро да се чувствувате во текот на сексуалните односи.

Сувост

Чувството на сувост во вагината е вообичаена појава по породување, бидејќи се поврзува со ниските нивоа на естроген во вашето тело во однос на нивоата на хормони во текот на бременоста. Поради доењето, нивоото на естроген е пониско отколку кај оние жени кои не дојат. Ако сувоста на вагината ви пречи можете во аптека да купите средство кое ја одржува влажноста. Ако користите кондоми проверете дали лубрикантот е на база вода или масло.

Болки и шавови на перинеумот

Вагиналното подрачје може да биде болно непосредно пред породувањето, а болката изчезнува во текот од шест до 12 недели. И во овој случај докторите препорачуваат Кегелови вежби.

Не е невообичаено да чувствувате болка, особено ако вашата кожа се скинала или ви правеле епизиотомија. Во овој случај можат да ви помогнат лекови против болки кои ќе ви ги препорача патронажната сестра, но она што е најважно е делот околу раната секогаш да биде сув и чист. Доколку чувствувате болка подолго од што е вообичаено, или пак почувствувате непријатен мирис или чувство на затегање, без размислување обратете се кај вашиот лекар. Во зависност од раната може да ви остане и лузна.

После колку време можете да имате секс?

Природното породување преставува прилично трауматско искуство за поголемиот дел од жените. Бебето минува низ вагината, што може да се спореди со мини експлозија.

Со оглед на тоа дека сега многу нешта се менуваат во вашиот живот, не е невообичаено воопшто да не размислувате на секс во првите неколку недели. Кога е вистинско време да почнете повторно да имате секс е индивидуално решение поинакво за секоја жена.

Мал број од двојките имаат секс во првиот месец по породување, додека почесто чекаат по шестата недела. Истражувањата покажуваат дека околу 41% од новите мајки прв пат имале вагинален однос кога бебето наполнило шест недели. Некои мајки изјавиле дека се чувствувале прилично секси две до три седмици после породувањето и веќе тогаш имале сексуални односи, но многу од нив не успеале да доживеат оргазам. Некои од жените кои во овој период пробале да водат љубов со партнерот изјавиле дека сексуалниот однос бил прилично болен, па дури и трауматичен.

Доколку имате каква било дилема не се двоумете да разговарате со својот лекар во однос на тоа до кога тој смета дека треба да почекате пред да имате интимен однос.

Црвената зона на фотографијата до означува подрачјето кое е најчувствително на болка по породувањето.

Уживање и без секс

Не дозволувајте да ве фрустрира тоа што може да не чувствувате расположени и подготвени за секс, бидејќи постојат и други начини на кои можете да уживате во блискоста со партнерот. Меѓусебното милување на различните делови на телото може да ве возбуди и расположи.

Важно е само да одвоите време за мазење со партнерот, бидејќи тоа е нешто за кое не сте размислување пред да дојде бебето дека може да ви преставува проблем. Искористете ги моментите кога бебето спие, тогаш ќе имате малку мир и тишина, а интимните односи ќе дојдат во вистинското време.

Што ако чувството не е исто како порано?

Иако најголем дел од жените бргу се враќаат „во нормала“, има и такви кои по породувањето го губат чувството на задоволство во текот на сексот. Често се работи за опуштање на вагиналниот канал, така што не го чувствуваат машкиот полов орган кога продира во нив. Тоа често е причина на лутина и фрустрација. Ова може да трае само неколку недели, а ако вашето либидо не се врати ни тогаш побарајте помош од вашиот доктор. Во некои случаи докторите препорачуваат Кегелови вежби, а во некои ласерско затегнување на вагината, бидејќи на овој начин се враќа самодовербата кај жените. По оваа интервенција следи поголемо уживање и на жената и на партнерот.

 

Write A Comment