Cafe Del Mar

Комбинации на храна кои ги симнуваат килограмите

5 комбинации на храна за полесно согорување на маснотиите

Ако сте се одлучиле да се погрижете за својата телесна линија а и да ја  урамнотежите вашата исхрана, изгладнувањето секако не е најдоброто решение. Со некои комбинации на продукти  за исхрана ќе го  забрзате метаболизмот, маснотиите ќе се топат а притоа ќе имате доволно енергија за секојдневните обврски.

Дознајте кои продукти треба да ги користите, со напомена дека тие вкусни залчиња треба да бидат природни и здрави.

1.Грозје и млеко

Ова комбинација  можеби ќе ви изгледа необична, но телото ќе го наполнете со енергија и здравје. Користете варено млеко, а во колку не ќе можете да ја поднесете таа комбинација – поради вкусот, додадете малку житарки.

2.Јајца и печурки

Со ова комбинација дефинитивно ќе се заситите, а притоа не ќе внесете многу калории. Се разбира – немојте да користете масло и леб со ова јадење и дефинитивно ќе ги стопите маснотиите.

3.Салата и двопек

Во свежа зелена салата искршете две кришки двопек а за вкус додадете малку оцет или лимонов сок (нема да ви наштети), капка маслиново масло. Ова комбинација е вкусна и ниско калорична.

4.Леб и мармалад

Уживајте во вкусниот поручек или попладневната ужина и притоа слабејте. Можеби не верувате, но лебот во комбинација со мармаладот се вистински борци во борбата против калориите. Се разбира, притоа изоставете го путерот и изедете две парчиња леб место пет.

5.Датули и папаја

Ова за нас необична салата е богата со антиоксиданси и го поттикнува метаболизмот. Исечете неколку кришки папаја, додадете датули во чинијата и онака лежерно – опуштено јадете додека гледате телевизија без грижа на совеста. Ова комбинација добро ќе ги  замени калоричните слатки.

Напиши коментар