Новости

Конечно кажа „да“: По 5-годишна врска, пејачката ќе застане пред олтар!

Пејачката со раскошен вокал, Адел, му кажа „да“ на својот долгогодишен дечко и татко на своето дете, Сајмон Конеки. Сајмон ја запроси пејачката по врска од пет години, како што пренесуваат британските медиуми.

„Одлучија дека е вистинско време за голем чекор напред. Адел нема да ја видите да шета со голем дијамантски прстен на раката, тоа не е нивниот стил. На свршувачката нема да и’ придаваат големо значење, но решени се наскоро да застанат пред олтар“, за „Мирор“ изјави извор близок на двојката. Инаку, Адел и Сајмон започнаа заеднички живот летото 2011 година, а веќе во октомври идната година го добија синот Анџело.

Adele Performs At The SSE Arena Belfast

Напиши коментар