Motherhood

Корисни совети за одвикнување од пелени

Тренингот за нокширче е голем чекор и за децата и за родителите. Тајната за успех e во времето и трпеливост. Со доаѓањето на убавото и топло време доаѓа и одвикнувањето од пелени. За ова да биде полесно, целиот процес на своето дете треба да му го претставите како нешто забавно. А, како да знаете дали детето е спремно за тоа е прашање кое ги мачи многу родители. Всушност треба да го слушате и гледате своето дете, а тоа само ќе даде знаци. 

Вообичаено помеѓу 18-от и 24-от месец децата почнуваат да зборуваат за тоа дека треба да мочкаат или какаат. Многу педијатри советуваат дека детето треба да ги гледа своите родители од ист пол како се прави тоа, затоа што така најбрзо ќе научат. Воедно, детето мора добро да се забавува за да се одвикне од пелени успешно и без стрес. Затоа би било добро детето да си го одбере своето нокширче. Освен бирањето, важно е да се запознае со нокширчето и да знае за што служи, а тоа најдобро се постигнува низ разговор. Некогаш родителите забораваат дека иако децата немаат целосно развиен говор, тие многу разбираат. Постојат многу анимирани филмови кои на забавен начин ќе го научат детето околу цел овој процес.

Дали е време?

Навикнувањето на нокширче ќе биде успешно само тогаш кога детето е физички и емоционално подготвено за тоа, без разлика колку е возрасно. Многу деца покажуваат интерес за одвикнување од пелени и пред 2 годишна возраст, но другите се спремни малку подоцна – затоа не брзајте, затоа што ако започнете премногу рано можеби ќе ви биде потребно повеќе време да го постигнете истото.

Дали вашето дете е спремно? Запрашајте се себеси:

Дали вашето дете е заинтересирано за нокширче, одење во тоалет или носење долна облека?

Дали вашето дете разбира и следи основни инструкции?

Дали вашето дете ви кажува преку зборови, или експресии кога треба да мочка/кака?

Дали вашето дете е суво во период од два часа или подолго?

Дали вашето дете се жали на извалкани пелени?

Дали вашето дете може да ги соблече своите панталони и повторно да ги облече?

Ако повеќето од вашите одговори се позитивни, тогаш можеби вашето дете е подготвено за одвикнување од пелени. Ако не, тогаш би требало да почекате.
Наместете ја „опремата”

Наместете нокширче во тоалетот, или таму каде што вашето дете поминува голем дел од своето време. Дозволете му на своето дете да го декорира својот нокшир и охрабрете го да седне на него – со или без пелени. Осигурете се дека неговите нозе стојат стабилно на земја кога седи на истото. Помогнете му на своето дете да разговара за користење на тоалетот користејќи едноставни и точни термини. Можете да фрлите содржина од пелените во нокширот со цел да ја покажете неговата функција.

Организирајте паузи за нокширче

Ако вашето дете е заинтересирано, дозволете му да седне на нокширчето без пелени неколку пати на ден. За момчињата, најдобро е да го усовршат уринирањето седејќи, а потоа стоејќи. Прочитајте некоја книга поврзана со одвикнување од пелени, или дајте му на своето дете да си игра додека се учи да го користи нокширчето. Останете со него кога е во тоалет, дури и тогаш кога само седи таму, понудете му награда затоа што се труди и потсетете го своето дете дека може повторно да се обиде.

Реагирајте брзо

Кога ќе забележите знаци дека можеби на вашето дете му се мочка – реагирајте брзо. Помогнете му на вашето дете да ги препознава овие сигнали и да се упати кон тоалетот. Девојчињата треба да се научат да се избришат откако ќе завршат со мочкање/какање. Кога е време да се пушти вода, дозволете му на вашето дете да го направи тоа. На крај, осигурете се дека ќе ги измие рацете.

Тргнете ги пелените

После неколку недели и успешен процес на одвикнување од пелени, вашето дете ќе биде подготвено да ги смени пелените со долна облека. Прославете ја оваа транзиција и дозволете му на своето дете да одбере долна облека која му се допаѓа.

Кога да се откажете?

Ако вашето дете не сака да користи нокширче или да оди во тоалет, направете пауза затоа што можеби уште не е подготвено. Пробајте повторно за неколку месеци.

Сигурно полесно ќе дишете откако вашето дете ќе сфати како да го користи тоалетот, но очекувајте несакани и непланирани акции. Еве како да ги превентирате и како да се справите со истите:

Потсетник – затоа што понекогаш децата се абсорбирани во активности кои се поинтересни од одење во тоалет, носете го во тоалет откако ќе се разбуди, после секој оброк и пред патување.

Останете смирени – затоа што децата не мочкаат во гаќи за да ги нервираат своите родители.
Кога да побарате помош?

Ако вашето дете има 4 години или е постаро, а уште не се навикнало да оди во тоалет тогаш треба да го контактирате неговиот лекар.

 

Write A Comment