Кожната сукња е едно од најтрендовските парчиња за оваа сезона. Кратка, миди, со „молив“ крој, со „А“ крој, тесна или широка, изгледа покул и поразлично од вообичаените сукњи.
Кожната сукња може да се комбинира со секакви стилови, па со неа можете да креирате покласичен изглед за во канцеларија, или повесел изглед за тмурните есенски денови. Погледнете ги фотографиите подолу и добијте инспирација за комбинации со ова уникатно парче.






















