Ако сте дама која сака кратки нокти или пак едноставно не можете да ги израснете толку колку што сакате, тогаш постојат некои едноставни трикови кои ќе направат вашите нокти да изгледаат убаво, украсено и интересно.
Повеќето нијанси на сина боја (особено тие јарките) секогаш изгледаат добро на кратки нокти. Темно црвената како и портокаловата но и жолтата се вашите сојузници.
И кратките нокти можете да ги декорирате со помош на налепници или некои од актуелните печати за нокти. Омбре ефектот во пастелни нијанси е сигурен избор особено за оние дами кои не се фанови на дречливите бои.
Обликот на ноктите кој ќе го одберете е клучен за изгледот на целата рака. Доколку одберете округли нокти, вашите прсти ќе изгледаат пократко. Најдобро е да одберете облик кој е помеѓу овална и коцкаста форма.
Секако многу е важно правилно да го нанесете лакот за нокти. За тоа не треба да одите во салон, туку да најдете добра четкица и секако стапчиња за уши натопени со ацетон.