Мода

Краток водич за тоа дали да облечете рамни или чевли со штикла на сукња

Секоја дама во својот плакар има неколку омилени сукњи од различни модели, стилови, материјали и должини.

Сукњите се флексибилно парче облека и се адекватни за разно разни настани но и за секојдневните ситуации.

Но погрешни чевли можат да го расипат целокупниот изглед на пример да ја скратат фигурата, да ја пресечат ногата, да го издолжат стапалото и слично.

За да се одреди вистинската комбинација на чевлите и сукњите најважна е токму должината на сукњата.

Денес ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да ги одберете вистинските обувки и целиот изглед да го доведете до совршенство.

1. Мини сукња

Во секојдневните комбинации рамните обувки како балетанки или рамни сандали се вистинскиот избор ако носите мини сукња.

Со овој избор, кратката сукња нема да биде претерано нагласена, а нозете ќе бидат во прв план.

Ако сакате да ја издолжите фигурата одлучете се за сандали со платформа за секој ден, а вечерните варијанти но и за посебните прилики бирајте елегантни сандали или чевли со потпетица.

За есенските и зимските денови со мини сукња бирајте чизмички со пета или рамни чизми.

stikli vs ramni cevli slika 01

2. Сукња над колена

Со оваа должина над колена можете да бирате рамни или обувки со потпетица.

Должината над колена ги дозволува сите варијации и подеднакво добро стојат и балетанки и салонки.

Бидејќи е омилена должина за деловни комбинации избегнувајте скроз отворени рамни сандали, а бирајте помеѓу балетанки, салонки и чевли на штикла со отворени прсти, а за ладните денови рамни чизми или чизми со висока штикла за елегантни комбинации.

stikli vs ramni cevli slika 02

3. Сукња под колена

Сукњата под колена најдобро стои ако малку го подигнете стапалото. Бидејќи не се гледаат колената се стекнува впечаток на скратена должина на ногата па најдобро е тоа да го надоместите со штикла, дури и пониска штикла е доволна.

Најдобар избор се салонките, чевлите со отворени прсти, сандалите со штикла, сандалите на платформа или за зима чизмите со висока потпетица.

stikli vs ramni cevli slika 03

4. Миди сукња

И оваа должина визуелно ја скратува фигурата па одбирот на обувки на штикла го враќа балансот.

Бирајте салонки, штикли со отворени прсти, сандали со висока потпетица, сандали на платформа, а за зима чизми со штикла.

stikli vs ramni cevli slika 04

5. Макси сукња

Со максималната должина на сукњата нема потреба да носите штикли. Ако сте висока, макси сукњата одлично ќе ви стои со рамни обувки, додека ако сте пониска решение за вас се сандалите на платформа.

stikli vs ramni cevli slika 05

 

Write A Comment