Мојата кујна

Крем супа од компири

Потребно е:

  • 1 кг компири
  • 2 л врела вода
  • 300 гр павлака со поголема масленост или милерам
  • 1 зеленчукова коцка за супа
  • сол и бибер
  • 2 лажици маслиново масло
  • ситно сецкан свеж магоднос

 

За подготовка:

Компирите излупете ги и исечете ги на тркалца, ни многу дебели ни многу тенки. Во тенџере ставете ги компирите, прелијте ги со врела вода, ставете ја коцката за супа, ставете издробено луто пиперче, ако користите, зачинете со сол и бибер, ставете малку маслиново масло и покријте со капак да се вари додека да омекне компирот и биде сосема сварен. Гответе на ниска температура, никако на висока, дури и ако се брзате, затоа што компирот ќе се раскашави. Затоа, оваа супа не ја одбирајте да ја направите ако сакате да зготвите нешто набрзина. Кога компирот ќе биде сварен, ставете ја павлаката, измешајте и оставете да се готви уште 5 до 10 минути, додека да се поврзе се убаво.

Напиши коментар