ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 50г. путер
* 300г. млечно чоколадо
* 300мл. слатка павлака
* 6 лажици сируп од карамел
* прстофат крупна морска сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете го путерот во сад, а потоа веднаш додадете го чоколадото и мешајте на тивок оган додека не се соединат. Додадете и слатка павлака и мешајте до соединување. Со лажица разлејте го сирупот од карамел во сад за сервирање а потоа размрдајте го садот за да се разлее карамелот насекаде во садот. Ставете го чоколадниот мус во сад и сервирајте кога потполно ќе се излади. Додадете прстофат крупна сол во секој сад и сервирајте.