Мојата кујна

Кремасти и лесни трибојни колачиња

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За чоколадниот слој:

– 120 гр кремсир

– 200 гр шеќер во прав

– 250 гр млечно чоколадо (стопено и изладено)

За розовиот слој:

– 120 гр кремсир

– 200 гр шеќер во прав

– 250 гр бело чоколадо (стопено и изладено)

– ќесичка екстракт од малина

– една до две капки црвена боја за храна

За белиот слој од ванила:

– 120 гр кремсир

– 200 гр шеќер во прав

– 250 гр бело чоколадо за готвење (стопено и изладено)

– лажичка екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Она што е најважно да го знаете на почетокот, е дека сите три фила се подготвуваат по истиот принип:

Изматете го кремсирот додека не стане пенлив и лесен, потоа додадете го шеќерот во прав, па истопената чоколада.

Добро изматете додека бојата не се изедначи.

Во плех кој претходно го обложивте со хартија за готвење, сипете го прво чоколаниот слој, па оставете го во фрижидер малку да се стегне.

Потоа извадете го садот, додадете го слојот од малина, и повторно вратете во фрижидер, 15-на минути. Истото направете го и со третиот слој од ванила.

Откако ќе ги наредите сите три слоја, оставете го садот во фрижидер најмалку три часа, или барем една ноќ.

При сервирањето, пресечете на коцки.

Напиши коментар