Новости

Кристина Агилера стана црвенокоса и изгледа како Џесика Рабит

Познатата русокоса ја промени бојата на косата во црвена и изгледа неверојатно – многумина ги потсетува на анимираната хероина Џесика Рабит.

post cover photo

Агилера е позната по своите платинесто-руси кадрици, но на завчерашниот концерт за собирање на средства организиран од Хилари Клинтон се појави со нова огнено-црвена боја на коса. Покрај големите холивудски локни, нејзиниот изглед беше придружен со црвен кармин, закосен туш за очи и долги трепки, со што несомнено потсетуваше на Џесика Рабит.

Пред да настапува, Кристина објави слика од нејзината нова фризура на Инстаграм и ги израдува своите 2,6 милиони следбеници. На концертот за собирање средства организиран од Хилари Клитон учествуваа и Ева Лонгориа, Џон Леџенд, Криси Тиген и Стиви Вондер.

 

Напиши коментар