Motherhood

Кризата на бракот и неговите предности

Кризата на бракот во светот и кај нас во нашиве модерни времиња е се поевидентна, постојано се зголемува и се чини дека опасноста од негово целосно пропаѓање е се пореална . Големо прашање е дали некакво порадикално реформирање, на пример негова неформалност (тн. слободни бракови), може да значи спас. Особено ако се има предвид поинаквото, „модерното“ сфаќање на сексуалната вонбрачна слобода од една, и отпорот спрема семејните обврски во името на брачната рамноправност.

Единствениот спас на институцијата брак е негова „детална формализација“ токму во однос на брачните и семејните обврски, односно „обезбедување“ со детален брачен договор во кој ќе бидат нотирани сите права и обврски на брачните партнери (не „другари“), пред се имајќи ги предвид одделните и заедничките интереси, и со предвидени последици од не придржување на неговите „одредби“. Притоа имајќи ги предвид предностите и тежината на брачниот однос.

Токму на предностите укажуваат експертите, а кои на многумина веднаш не им паѓаат на ум:

Подготвеност остатокот од животот да го поминете со некого.

Влегувањето во брак би требало да претставува, освен формален чин, и чин на наша психичка и емотивна зрелост. Ако е тоа навистина нешто што сте го сакале и не сте биле принудени на таа одлука, тогаш одлуката целиот свој живот да го поминете со саканото лице може да претставува сосема ново и позитивно поглавје во вашиот живот;

Покрај вас не е само брачен партнер, туку и пријател.

За разлика од обичната врска, влегувањето во брак бара многу повеќе доверба и сигурност, како во себе, исто така и во партнерот. Се разбира, во секој брак ќе има тајни, но е битно тоа што е покрај вас и пријател со кого за се можете да продискутирате и со кого можете да решите секој проблем со кој ќе се соочите;

Повеќе никогаш не ќе морате да одите на прв состанок со странци.

Иако првите состаноци со непознати лица со себе носат и доза на возбуда и исчекување, повеќе од нив не завршуваат, или дури и не почнуваат онака како што сте замислувале. Бракот со себе носи сознание дека вашата потрага е завршена и оти секој ваш нареден состанок ќе биде со лице кое го сакате и оти изненадувањата на нив ќе бидат само пријатни;

Ако имате деца, тоа значи дека сте двајцата тука за нив.

Децата со себе носат бројни обврски, но и задоволства. Како влегувањето во брак, нивното одгледување бара целосна посветеност и љубов, а крајниот резултат и вам ќе ви донесе чувство на исполнетост и задоволство;

Секогаш имате некој што ќе ве сослуша.

Животот со себе носи бројни проблеми и дилеми со кои не сте сигурни како да се носите. Во бракот секогаш имате партнер кој е тука до вас и кој ќе ве сослуша и ќе ви даде целосна поддршка- и во добро и во зло;

Она чувство што ве обзема секое утро.

Секое утро во бракот со вистинското лице може да претставува вистинско мало уживање. Сонцето кое полека се пробива низ завесите, жешкиот кроасан, свежо исцеденото овошје и, се разбира, погледот во очите на саканото лице и чекањето и тоа да се разбуди;

 Секс

Сексот е секогаш добра причина за влегување во брак. Покрај себе секогаш ќе имате партнер кој ве сака и кој во вас гледа единствено лице со кого сака да има интимни односи, а со време тие ќе станат се подобри и подобри доколку сте подготвени да експериментирате и да си кажувате еден на друг што ве возбудува в кревет;

Љубов

Љубовта е секако причина број еден поради која треба да се стапи во брак. Да се има некој покрај себе за кого знаете дека безусловно ве сака, и во добро и во зло, и да се има целосна доверба во партнерот претставува најважна работа што бракот ја носи со себе.

Напиши коментар