← НАЗАД НА БОЗА

Кружни очила-ретро времето доаѓа пак!

Кружни очила-ретро времето доаѓа пак!
370 Читања

Модните додатоци кои се популарни ова лето земаат се поголем замав, а меѓу нив, секако, се наоѓаат округлите очила за сонце. Овој вид на очила се прилагодува на секој облик на лицето што допринесува формата на самите нив да претставува еден голем плус.

Во зависност од приликата во која сакате да ги носите, различни форми и големини од овие очила се достапни во сите продавници. Масивните округли очила се симбол за екстравагантност и елеганција, која ги поседува секоја храбра дама која ги има на себе, додека помалите по големина се наменети за секаков тип на облека, и се особено полежерни и поприспособливи на сечии стилови. Границите во  однос на нивниот дизајн се поместуваат секоја следна година, обновувајќи ја идејата за ретро изгледот.

Доколку сте еден од обожавателите на овие ретро изгледот, изберете некој од овие модели и уживајте во позитивната промена на целокупниот изглед,која ќе ја доживеете со нив. Доволно ви е само малку креативност, за да се почуствувате како вистински припадник на минатиот век, каде ретро изгледот беше вистинска филозофија и начин на живот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk