Мојата кујна

Леден брег – торта со плазма бисквити

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300г плазма бисквити

400мл млеко

300мл слатка павлака

2 ќесички пудинг од ванила

8 лажици шеќер

4 лажици густин

1 ванилин шеќер

100г маргарин

1 банана

2 жолчки

200мл млеко за потопување на бисквитите

1 ванилин шеќер

шлаг и рендано чоколадо за декорација

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги слатката павлака и млекото, додадете ванилин шеќер и ставете да се вари на пареа. Откако млекото добро ќе се загрее додадете пудинг, густин, шеќер и жолчки. Постојано мешајте за да не се направат грутки.

Откако ќе го направите филот, тргнете го настрана да се излади. Ситно исецкајте ја бананата и изматете ја со маргаринот додека не добиете пенаста смеса. Изладениот фил постепено додавајте го во маргаринот и матете на најголема брзина додека состојките не се соединат.

Почнете со редење на плазма бисквитите кои претходно ќе ги потопите во млеко со ванилин шеќер. На дното на еден тесен калап наредете бисквити 4×4, па фил, потоа 3×4, па фил, 2×4, па фил и на крајот по должината наредете 4 бисквити и нанесете бисквит кој ќе го распоредите насекаде. Во суштина правите облик на пирамида.

Најдобро е да ја оставите тортата да отстои во текот на ноќта, а пред да послужите украсете ја со шлаг и рендано бело чоколадо.

Напиши коментар