Мојата кујна

Леден чоколаден мус

Летен десерт што многу брзо и едноставно се приготвува.

Потребни намирници:

  • 300 гр  бисквити
  • 1 ¼ чаша пресно млеко
  • ¼ чаена лажичка екстракт од нане
  • 80-100 гр млечна чоколада
  • 1 чаша чоколадни бомбони (пралини)

 

Издробете ги бисквитите и подредете ги на дното во високи стаклени чаши. Измешајте го млекото и екстрактот од нане во подлабок сад, додадете ја растопената чоколада и на крај покријте ги бисквитите со готовиот мус, посипете со исецканитебомбони и замрзнете ги за една ноќ.

Напиши коментар