ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
ЗА КОРАТА:
*5 белки
*5 лажици шеќер
*5 лажици брашно
*250мл млеко
ЗА ФИЛОТ:
*1 пудинг од ванила
*1 пудинг од чоколадо
*1л млеко
*4 лажици брашно
*200гр шеќер
*40гр чоколадо
*2 маргарина
*5 жолчки
*300мл слатка павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Белките изматете ги пенасто, постепено додавајќи го шеќерот, а откако ќе се истопи додадете го брашното и измешајте. Смесата ставете ја во калап и печете ја во загреана рерна на 180 степени. Топлата кора полиете ја со млеко и оставете ја да се олади. Изматете го пудингот од ванила со 100грама шеќер и 2 лажици брашно и сварете го во 500мл млеко. Истотот направете го и со пудингот од чоколадо, со тоа што ќе додадете и 40грама чоколадо и мешајте додека не се растопи. Пенасто изматете го маргаринот заедно со жолчките и поделете ја смесата на два дела. Во ладните пудинзи додадете го маргаринот и добро изматете. Пемачкајте ја кората со белиот фил, потоа со чоколадниот и украсете ја со шлаг и листови од чоколадо. Тортата ставете ја на ладно место.
