Здраво тело

Лек и отров: Најдобра и најлоша храна за алергии

Луѓето кои страдаат од алергија во пролет мака мачат со надразнето грло, шмркање, кивање… меѓутоа освен лековите, ваквата состојба може да ви ја олесни и доколку ja козумирате или избегнувате оваа храна.

*Jаболки и јагоди. Кората на јаболката содржи антиоксиданси кои го подобруваат капацитетот на плуќата, а истите се наоѓаат и во портокалот, лукот, доматите и јагодите. Освен тоа содржат многу витамин Ц кој ефикасно штити од алергии.

*Црвеното грозје. Истражувањето од пред пет години покажало дека медитеранската исхрана, богатата намирница како што е црвеното грозје, портокалот и јаболката ги ублажува симптомите на алергија како што се запушен нос и болно грло. Самото грозје е богато со антиоксиданси.

*Топол чај. Билните чаеви се најдобар избор, и притоа многу е важно да се топли.

ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ИЗБЕГНУВАТЕ:

*Целер. Пецкањето во устата и грлото може да биде последица на “орална” алергија предизвикана од некое овошје или зеленчук.  Симптомите можат да се јават доколку сте јаделе целер, но и домати, праски, диња или киви.

*Алкохол. Доколку по конзумирањето на алкохол ви се лупи кожата на ушите, лактите или петиците, сето тоа е знак дека сте алергични на алкохол.

*Зачинете храна. Ви тече носот, ви солзат очите или често кивате? Бидете сигурни дека станува збор за алергиска реакција на зачини. Инаку, тоа се случува поради капсаицинот, многу здрава материја која се наоѓа во јаките зачини, па едниствено решение е избегнување на таква храна.

Напиши коментар