Здраво тело

Лековито и здраво: Мед од тиква

Можеби никогаш не сте слушнале за мед од тиквa, но оваа вкусна намирница е толку здрава за организмот што веројатно ќе сакате да ја јадете секој ден.

Поради големиот број на витамини и керотен, овој мед го подигнува имунитетот, а благодарение на својот благ лаксатив претсавува одличен избор кај проблемите со тврдата столица и хроничните заболувања на дебелото црево.

Особено е ефективен при лачењето на жолчката и проблемите со црниот дроб и бубрезите, а перфектен избор е за личностите со висок холестерол.

Ако земеме да ги набројуваме неговите позитивни ефекти, верувајте ќе ни треба километарски список.

Како сами да направите мед од тиква?

Исечете го врвот на тиквата и одстранете ги семките. Во дупката која сте ја направиле ставете мед или црн шеќер, па затворете ја повторно со делот кој го одсековте. Оставете ја да одстои 10 дена на ладно место. За тоа време, шеќерот во тиквата ќе се стопи.

Најдобро би било медот да го чувате во фрижидер во стаклена тегла со капаче, најдолго еден месец. За да го чувате подолго може да го сварите до згуснување, но во тој случај ќе изгуби дел од корисните состојќи.

Можете да го јадете како благо, две до три лажици дневно или како засладувач за чај.

Напиши коментар