Cafe Del Mar

Лесни вежби за совршен задник

Најважното средство во борбата за привлечна жена е токму совршениот задник. За да го постигнете ова треба да внимавате на исхраната, но исто така и вежбите се од големо значење.

Еве неколку вежби кои ќе ви помогнат одлично да го обликувате задникот.

Исправени чучњеви: Користете ги мускулите на задникот и колковите. Застанете со раширени нозе во ширина на колковите. Спуштете се со задникот со чучњеви како да сакате да седнете на столче. При тоа внимавајте свитканите колена да се во линија со ножните прсти, да не излегуваат пред нив. Кратко задржете се во таа положба и исправете се.

Голем исчекор: тој е подеднакво ефикасен како и чучњевите. Направете голем исчекор како да сакате да зачекорите, а при тоа телото нека ви остане исправено, грбот рамен, а погледот усмерен напред. При тоа свитканото колено не смее да ја премине линијата на ножните прсти.

Скалила: исто како искачувањето по угорница и скалилата се идеални за цврст задник. Затоа заборавете на лифтот и користете ги скалилата. Трчајте, качувајте се брзо, експериментирајте ќе има резултат.

Напиши коментар