Cafe Del Mar

Летна диета со лубеница

Богата со влакна и вода, лубеницата е вистинско здраво летно уживање. Нејзиниот состав и овозможува подолго да ја одржи ситоста и да го прочисти организмот. 

Лубеницата може да ви помогне во намалувањето на килограмите, а доколку се одлучите за детокс со лубеница, најдобро е тој да трае од 9 до 13 дена, но можете многу да постигнете и со забрзан детокс од пет дена. Доколку се одлучите за долготраен план, тој ќе се одвива во две фази. Во првата фаза која трае три дена се јаде само лубеница, додека во втората се додаваат и други продукти, а лубеницата се јаде како меѓу оброк. Оваа фаза не толку рестриктивна како првата и може да трае од шест до десет дена, а олеснителна околност е тоа што ќе имате многу продукти за избор. Со оглед на тоа што лубеницата содржи многу вода, можеби и нема да ја имате вообичаената потреба од пиење многу вода за време на диетите. Доколку сте жедни, пијте обична вода, но не морате да се форсирате да пиете големи количини на течности.

Ова овошје ќе ви помогне во губење на килограмите благодарение на тоа што ќе направи да се чувствувате сити, и поволно ќе влијае на дигестивниот систем. Освен тоа лубеницата е слатка, а тоа ќе ви помогне да се справите со кризите за чоколадо или сладолед. Влакната со кои е богата ќе го спречат прејадувањето. Доколку се одлучите за диета од пет дека следете го долунаведеното мени.

Сепак, лубеницата иако е богата со хранливи состојки и има малку калории, изобилува со шеќери. Затоа во текот на диетата треба да ја комбинирате со намирници кои имаат малку јаглехидрати како јаткасти плодови, р’жан леб, леќа, јаболки и сл.

Откако ќе завршите со диетата, за да ги одржите килограмите, заменете ги сите сокови со обична вода или лубеница. Можете да направите и замрзнати коцки од лубеница, така што ќе ја исечкате лубеницата на мали парчиња и ќе ја замрзнете. Тие ќе го подобрат вкусот на водата и ќе ве освежат. Со помош на лубеницата можете и да ја намалите големината на оброците. Јадењето мали оброци е најдобар начин за намалување на килограмите, па така со оброкот изедете и парче лубеница, така што побргу ќе почувствувате ситост.

Ладење на лубеницата

Најладната лубеница не е и најздравата лубеница. Чувајте ја лубеницата на собна температура непоследно пред оброкот.

Нов начин за приготвување на салата

На вообичаената салата од зеленчук додадете и парчиња лубеница исечкана на коцки, малку нане и моцарела исечкана на парчиња. Зачинете со неколку капки оцет балсамико.

По вежбање 

Во блендер измешајте килограм лубеница, исчистена од семки, шолја студена вода и две лажици сок од лимон.

Дневно мени

Експертите не препорачуваат брзи диети, туку велат дека единствен сигурен и долгорочен начин за слабеење е промена на навиките во исхраната. Лубеницата е одличен продукт, кој треба да се јаде и да се искористат неговите придобивки, но не се препорачува претерување во исфрлањето на другите продукти во исхраната.

Прв ден 

Појадок: кришка лубеница, шолја кафе или зелен чај без шеќер

Ручек: 150 г варено говедско месо, 150 г варен ориз и кришка лубеница

Вечера: 100 г риба на скара, кришка интегрален леб и кришка лубеница

Втор ден 

Појадок: кришка лубеница, шолја кафе или зелен чај без шеќер

Ручек: 100 г варени пилешки гради, кришка леб од житарки со цело зрно, кришка лубеница

Вечера: 100 г риба на скара, 100 г варен ориз, 2 кришки лубеница

Трет ден

Појадок: кришка лубеница, кришка тост, шолја кафе или зелен чај без шеќер

Ручек: 50 г тестенини со сос од домати, 3 кришки лубеница

Вечера: Салата од зеленќук, неограничено количество лубеница

Четврт ден

Појадок: 2 кришки лубеница

Ручек: супа од брокула, кришка леб со житарки од цело зрно, 2 кришки лубеница

Вечера: 3 средно големи компири печени во рерна, 2 кришки лубеница

Петти ден 

Појадок: 3 кришки лубеница

Ручек: 150 г варено говедско месо, неограничено количество лубеница

Вечера: кришка леб од житарки со цело зрно, 100 г кравјо сирење, 3 кришки лубеница

Напиши коментар