Стил на денот

Летниот стил на Џиџи Хадид

Џиџи Хадид во моментов е една од најактуелните и најангажираните топ модели, а покрај тоа таа активно работи и на градењето на нејзиниот стил за што соработува со една од најбараните стилистки Моника Роуз.

За поздрав е тоа што манекенката ангажирала професионалец што ќе и помогне во комбинирањето на секојдневни парчиња, а ефектот е веќе видлив: нејзиниот стил е инспирација за милион жени и девојки ширум светот, а папараците не пропуштаат ден да не меморираат што таа облекла независно дали со или без некаков конкретен повод.

Од бројните прелистани галерии со фотографии, може да резимираме дека оваа летна сезона Џиџи ги обожува кратките маички комбинирани со панталони со висок струк како и искинатиот џинс. Во принцип, нејзиниот секојдневен неформален стил е со доминантна спортска естетика надополнета со елегантни и урбани „street style” парчиња.

 

Напиши коментар