← НАЗАД НА БОЗА

Лимон и вода – комбинација што лекува

Лимон и вода – комбинација што лекува
847 Читања

Рецептата е лесна: чаша млака вода и сокод еден свеж лимон. Најдобро е пијалокот да се пие два пати на ден, науто и пред легнување за да ги искористите максимално лековитите својства.

Лимонадатa (без шеќер) делува како лек при стомачни проблеми. Не само што го подобрува метаболизмот, но се бори со проблеми кои ја загрозуваат здравствената состојба на дигестивниот систем. Од една страна лековитиот пијалок го стимулира црниот дроб, за да произведува повеќе жолчка, што од своја страна ја стимулира перисталтиката, или работата на цревата.

Лимонадата е оружје против токсините. Делува како диуретик и на тој начин го прочистува организмот од штетните материи и ги одржува здрави мочните патишта. Освен тоа лимонадата може да предизвика препотување за да помогне на телото да се ослободи од натрупаните токсини.

Лимонадата има благопријатен ефект и на нервниот систем, го намалува интензитетот на стрес и притисокот и ја стимулира мозочната активност.

Магичниот пијалок помага и на болните од астма бидејќи го намалува ризикот од асматични напади. За целта болниот треба да пие топла вода со лимон пред секое јадење.

Ако се жалите од обилна и болна менструација, исцедете еден лимон, овој пат во ладна вода.

Во случај да се изгорите, поставете врз раната памук, напоен со сок од лимон, за да не остане белег. Освен тоа лимонот делува како антисептик и штити од образување гној.

Дури и во случај да не страдате од никаков здравствен проблем, добро е да го конзумирате често овој лековит пијалок превентивно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk