Лисабон, главниот, а воедно и најголемиот град во Португалија. Град каде што луѓето зборуваат гласно, се смеат искрено, а пеат тажно. Градот живее во вртлог од бои, бела и златно- жолта, страсни црвени и топли портокалови со детали од највеселата тиркизна и модро сината боја.
Фасадите прекриени со фантастични керамички плочки ги инспирираат туристите и ги ставаат во „шарено“ расположение. Во вој град е така егзотично, а сепак толку познато. Ова е еден од најстарите градови на светот и архитектурата го прави овој град посебен и привлечен за фотографирање.
Тврдината Св. Ѓорѓи стара осум и пол векови дава прекрасен поглед на целиот град кој, како Рим и Инстамбул лежи на 7 ридови и е една од најголемите атракции. До неа можете да стигнете со трамвајот бр.28.

Реката Тежо отсекогаш му давала посебен шмек на Лисабон, а прошетката покрај оваа река е доживување само по себе. Пристаништето Алкантра, на кое некогаш имало многу магацини денес е претворено во место со голем број на ноќни клубови и ресторани кој ја зачувале својата автентичност од дамнешното време.

Вистинско доживување е и прошетката во најголемиот парк во Европа Monsant. За само 15 минути возење од центарот на градот пристигнувате во совршениот зелен рај.
Срцето на градот го преставува самиот плоштад на слободата каде што има импресивен споменик на Маркиз Де Побалу. Тука се случуваат сите важни настани во градот.
Манастирот Џеронимо е едно од најмонументалните дел на архитектурата од времето на мануелизмот. Под неговите столбови е погребан е Мануел Први и големиот морепловец Васко Де Гама. Еден од симболите на овој град се и старите трамваи кои денес само туристичка атракција.

За разлика од останатите Европски градови, во Лисабон курсот на еврото е доста поволен, климата е прекрасна и нуди поглед на сино небо во текот на целата година.
Лисабон е местото кое ве мами да истражувате, дали пешки или со поволниот градски превоз: градскиот превоз ги вклучува сите подземни возови, стари трамвај и прочуената градска жичара, како и трамваите кои имаат функција само да ве спуштат или да ве качат на улица.

