Cafe Del Mar

Луда и ефикасна диета: 3 обилни оброци и кафе

Пиење кафе, прескокнување на појадокот и три обилни оброци дневно, звучат како шега, но сепак се ефикасна тактика за губење на вишокот килограми.

Диетата се состои од прескокнување на појадокот, јадење на три големи оброци дневно и уживање во големи количини на кафе. Звучи како список на работи кои никако не смеете да ги правите ако сакате да ослабнете. Сепак, токму ова се трите основни поставки врз кои се базира најновата британска диета, која во оваа земја дури и ја симнала од престолот со години недопирливата Дукан диета, по бројот на продадени книги.

Оваа необична диета ја осмислил личниот тренер од Лондон Venice A. Fulton и ја нарекол „Six Weeks to OMG”, а настанала како плод од научни истражувања и негово лично искуство во помагањето на клиентите да се ослободат од вишокот на килограми.

За разлика од повеќето други режими на исхрана, Фултон не нуди детално структуриран план на оброци ниту рецепти, туку тврди дека е сосема доволно на неговите совети да го прилагодите својот животен стил и навиките. Ви ги презентираме шесте основни чекори на оваа диета:

1. Прескокнете го појадокот

Бројни стручњаци тврдат дека е ова најважен оброк во денот, но тоа не значи дека обилниот појадок е добра идеја за оние кои сакаат да ослабнат. Фултон тврди дека нашето тело за време на спиењето ја триши сета преостаната храна  во системот, заради што наутро мозокот ни испраќа сигнали за глад. Ако имате вишок масни наслаги, не треба панично да јадете снегулки или тост за да останете на нозе, бидејќи вашето тело ќе посегне по енергија токму во тие килограми кои сакате да ги стопите.

Ако го искомбинирате прескокнувањето на појадокот со некоја физичка активност, како одење или возење на велосипед до работа, ефектот ќе биде уште поизразен.

2. Туширајте се со ладна вода

Овој совет е најдобро да се примени наутро, затоа што туширањето со ладна вода ќе го натера телото да троши калории за да ја одржи телесната температура а тоа пак гарантирано ќе го подобри метаболизмот во следните 12 до 15 часа. Сепак, не претерувајте – температурата на водата треба да биде помеѓу 15 и 20 степени и никако не се туширајте подолго од 15 минути. По туширањето, облечете се убаво и одете малку низ дома.

3. Време е за кафе

Следниот чекор е пиење црно кафе. Кафето докажано помага во борбата со вишокот на килограми доколку го консумирате на вистинскиот начин. Колку што ви е чувството на глад во желудникот поголемо, толку поефикасно кофеинот од кафето ќе му овозможи на вашето тело да ги троши маснотиите.

Најдобро кафе е она црното, без млеко, шеќер и вештачки засладувачи кои само предизвикуваат инсулинска реакција и го забавуваат топењето на масните наслаги.

4. Движете се

Комбинацијата на кофеин во крвотокот и на физичка активност ќе му дадат силна иницијатива на вашето тело да ги троши масните наслаги. Колку повеќе мускули користите притоа, толку подобро. Ако не сте љубител на трчањето, брзото одење или возењето на велосипед е идеална замена.

5. Почнете да јадете

Многу стручњаци за слабеење тврдат дека треба да се јаде малку и често за да се активира метаболизмот и за да се поттикне слабеењето, но во пракса тоа почесто доведува до тоа човек да изгуби поим за бројот на калории што ги внесува на тој начин. Три оброци на ден можеби звучат старомодно од денешна перспектива, но праксата покажува дека тоа функционира.

Телото таложи масни наслаги за да може да ја употреби таа енергија во моментите кога не ни е достапна никаква храна. Затоа е сосема логично да се очекува дека тие масни наслаги можеме да ги согориме само кога ќе оставиме доволно време помеѓу оброците. Имајте на ум дека телото лачи хормон лептин додека јадеме, кој на мозкот му кажува дека сме сити, но тој процес се случува со 20 минути задоцнување. Токму затоа три конкретни оброци се пдообри од постојано грицкање нешто.

Обидете се оброците секогаш да ги јадете во исто време, со тоа што последниот оброк би требало да биде околу два часа пред да си легнете.

6. Бројте јагленохидрати

Секој оброк треба да содржи околу 50 отсто протеини. Тоа можеби звучи многу, но протеинот е составен дел од здравата исхрана и помага во намалувањето на апетитот со часови. Добри извори на протеин се пилешкото месо, месото од мисирка, риба, јајца, полномасен јогурт и јаткасти плодови.

Од друга страна, ако сакате да ослабнете, мора да го контролирате внесувањето на јаглени хидрати. Додека не добиете претстава за големината на порциите, избегнувајте да јадете повеќе од 120 г јаглени хидрати на ден.

Во зеленчук може да уживате во неограничени количини (освен грав, морков, цвекло, компири и пченка) откако ќе изедете доволно протеини. Од друга страна, не консумирајте повеќе од три овошни плодови на ден. Високиот процент на фруктоза може потполно да ви го поремети апетитот и да го блокира дејството на хормонот лептин – хемикалија која му кажува на мозокот дека сме сити. Најдобро овошје е она со низок процент на фруктоза: авокадо, боровница, грејпфрут, гуава, ананас, сливи и јагоди.

Кога сте жедни, пијте вода или зелен чај и избегнувајте зашеќерени и алкохолни пијалоци.

Напиши коментар