Овој ултра луксузен ресорт на Карибите Вреден 3,5 милијарди долари, се вика Baha Mar.
Истиот се карактеризира со чисти, бели песочни плажи и кристално, проѕирната, тиркизна вода.
„Baha Mar“ е светилиште на ексклузивитети, кои комбинираат колонијален бритaнски шарм со разновидни модерни погодности и услуги од светска класа.

Овој резорт се состои од четири луксузни хотели „Baha Mar Casino & Hotel“, „Grand Hyatt at Baha Mar“, „SLS LUX“, „Rosewood at Baha Mar“ – и поседува вкупно 2.200 соби, 284 приватни резиденции, огромно казино кое има површина од 9.300 квадратни метри, спа центар од 2.800 метри квадратни и ексклузивен терен за голф со поглед кон океанот, кој е дизајниран од страна на Џек Никлаус.

Има и повеќе од 40 ресторани, барови, лоби и ноќни клубови, феноменален простор за деловни состаноци, конференции, случувања, најпознатите бутици, како и 20 хектари плажа и базени.

Како изгледа одблизу оваа убавина која вреди да се посети, погледнете во следното видео…
httpv://www.youtube.com/watch?v=8BdmmWBYOjI
