Sweet Home

Луксузен дом со уникатен базен

Погледнете го овој ултрамодерен и уникатен базен, кој одлично се вклопил во просторот на едно аргентинско семејство, очигледно, со добар вкус.

Архитектите од „Andres Remy Architects“, за овој проект внимателно го анализирале движењето на сонцето и падот на светлината, за да можат идеално да го постават базенот во дворот.

Базенот е издигнат над земјата и има стаклен ѕид, што овозможува глетка од двете страни. Опколен е со бродска палуба и делува како релаксирачко и забавно место. Одлична модерна комбинација за луѓе со урбан стил. Зар не би посакале и вие нешто вакво во вашиот двор?

 

Напиши коментар