Sweet Home

Луксузна вила со стилски ентериер во бело

Замислете си апсолутен луксуз, зашеметувачка глетка кон морето и совршена локација. Тоа е случај и со вилата Хамелеон во Палма де Мајорка. Куќата може да се пофали со луксузен ентериер во бело, кој е нежно декориран во разни бои. Бојата на осветлувањето можете да ја менувате по ваш вкус, како и да го нагласите во даден агол. Во главниот дел на куќата се сместени главната спална и бањите, пространа дневна соба, ТВ-соба и библиотека. Вториот дел од куќата и припаѓа на кујната и винската визба. Луксузот непречено продолжува и надвор, каде што можете да уживате во прекрасната градина со базен.

Напиши коментар