Мадридскиот архитект Даниел Мартин Фереро, директор на Martin Ferrero Architecture studio, неодамна го откри својот нов проект – Вилата Xalima Island…
Со оддалечена локација, оваа вила гордо стои на страната на планината, високо над морето. Покрај својата изолација, која за некои е позитивен, а за некои негативен елемент, оваа вила на своите сопственици им ги нуди сите погодности кои им се потребни – односно, оваа стаклена и челична структура е остров на луксуз на врвот на островот. Прозорци од подот до таванот на сопствениците им овозможува беспрекорен поглед на океанот, без никаква грижа за приватноста – нема никого во близина.
Oваа вила и понатаму е само концептуална уметност, но наскоро ќе стане реалност, во тоа сме сигурни.










