Белалаго е неверојатно луксузна вила, изградена е во 2006 година, на брегот на вашингтонското езеро. Сега за прв пат е ставена на продажба.
Се наоѓа на површина од 2.6 хектари, а самиот објект е голем 1200 квадратни метри, проткајани со прозори и прекрасно панорамски погледи на езерото, Олимписките планини и Сијетел.
Има четри спални соби, осум тоалета, приватна работна соба, вински подрум и кино. Нормално има и фитнес теретана опремена со сите справи што добро би го обликувале телото. Поради високиот плафон, столбовите и доминацијата на дрвото, оваа луксузна вила зрачи со грандиозност и префинетост.
Дополнително, сопствениците на вилата имаат можност да уживаат во базен или на пространата приватна плажа на езерото..












