Мода

Маици со отворен грб: правила до кои треба да се придржувате

Освен што се идеални за топлите летни денови, оваа облека е многу женствена и убаво им стои на сите дами.

Но, ако сакате да изгледате уште подобро, постојат правила кои ќе ви помогнат да ја исполните својата цел.

Повеќето дами грешат кога е во прашање изборот на градник кој се носи на овие отворени парчиња, а денес ќе се обидеме да ви помогнеме да не правите такви или слични грешки.

1. Градник без бретели

Кога станува збор за фустаните и маиците без грб неопходно е да се носи градник кој не може да се види. Освен тоа класичниот градник изгледа грдо додека носите таква облека.

Ако сакате да изгледате убаво и да не размислувате за градникот одберете самодржечки градник кој нема бретели, ленти и се останато. Ќе се чувствувате добро како да немате ништо на себе, а сепак ќе ви ги држи градите.

2. Нецелосно гол грб

Ако облечете маица, блуза или фустан со делумно отворен грб, тогаш ви е дозволено носење на градник бидејќи не може да се види и со тоа нема шанси да ви го уништи изгледот.

3. Мали гради

Овој вид на облека најдобро им прилега на дамите со мали гради бидејќи не мораат да се грижат дали ќе носат градник.

Напиши коментар