ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр макарони
* 1 кромид
* колбас по избор
* 1 лажица масло
* 1 домат или 60гр пире од домати
* бибер по вкус
* сол по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги вариме макароните според инструкциите на пакувањето и ги цедиме.
- Кромидот го лупиме, го сецкаме ситно и го запржуваме во маслото.
- Откако кромидот ќе се запржи, ги додаваме колбасите што сме ги одбрале.
- Потоа во тавата го додаваме и сосот од домати или ситно рендани домати.
- Конечно, ги додаваме зачините. Мешаме внимателно.
- Ги сервираме макароните во длабока чинија и ги полеваме со сосот од домати.
- Посипуваме со малку свежи листови од босилек и сервираме.
