Мојата кујна

Макарони со сос од домати и босилек

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250гр макарони

* 1 кромид

* колбас по избор

* 1 лажица масло

* 1 домат или 60гр пире од домати

* бибер по вкус

* сол по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги вариме макароните според инструкциите на пакувањето и ги цедиме.
  • Кромидот го лупиме, го сецкаме ситно и го запржуваме во маслото.
  • Откако кромидот ќе се запржи, ги додаваме колбасите што сме ги одбрале.
  • Потоа во тавата го додаваме и сосот од домати или ситно рендани домати.
  • Конечно, ги додаваме зачините. Мешаме внимателно.
  • Ги сервираме макароните во длабока чинија и ги полеваме со сосот од домати.
  • Посипуваме со малку свежи листови од босилек и сервираме.

Напиши коментар