Мода

Макси фустани во бохо стил во кои ќе се вљубите

Бохо стилот е распространет низ сите модни но и beauty аспекти, а почна да доминира уште пред неколку сезони.

Она што го прави толку привлечен овој стил е неговата опуштена вибрација, лесните материјали, дезените кои се полни со цветни мотиви, земјените бои и целата негова поврзаност со природата.

Денес ви предложуваме да ги погледнете следните макси фустани токму во бохо стил.

Тие се одлични за секој тип на настан од одење на плажа па се до настани на кои треба да бидете елегантна и женствена.

Постојат толку многу модели што сигурно нема да ви биде лесно да се одлучите само за еден модел.

Секој од овие фустани е посебен на свој начин, единствено што им е заедничко е дека ќе ве остават без зборови.

 

Write A Comment